Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Подгответе се за незаборавен концерт на најуникатната Сара Мејс

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Шоубиз

Подгответе се за незаборавен концерт на најуникатната Сара Мејс
sm.jpeg

Под покровителство на Град Скопје се подготвува концертот на една од најуникатните и најспецифичните музичарки во Македонија, Сара Мејс. Концертот ќе се одржи на 26-ти септември во 20.00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, пред платото на МОБ.

На 1 септември Сара Мејс ја објави песната „Небо“ најавувајќи го својот најнов проект Floating through space with Sarah Mace со кој очекува да ги покори ограничувањата на конвенционалното и да претстави нешто ново и свежо во македонскиот етер.

Најновите артистички изданија на Сара Мејс потекнуваат од нејзината неуморна природа водена од енергијата која на македонската јавност им ги донесе Врне, врне, Намбареја, Пеперутки, Градина од цреши, Шаби – лаби и многу други. Во духот на бескрајниот креативен карактер Сара Мејс очекува да го приреди својот најуникатен настап заедно со уште 9 музичари, односно авторскиот тим на проектот Floating through space with Sarah Mace.

Концертот на Сара Мејс е од отворен карактер и сите љубители на музиката се поканети на незаборавна забава и искуство.

 12.09.2017, 16:22  | L.E. | 25

 

© ZURNAL.mk

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27934
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.