Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Зголемен бројот на странски туристи

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Економија

Зголемен бројот на странски туристи
turistaa.jpg

Скопје, 12 септември- Во Македонија во јули годинава се регистрирани 153.435 туристи, со 584.014 ноќевања, што во однос на јули лани претставува зголемување за 18,3 проценти, односно за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јули годинава споредено со јули минатата година за три проценти е зголемен бројот на домашните туристи, а за 32,8 проценти на странските туристи, кај кои доминираат тие од Турција, Србија, Полска, Холандија, Бугарија и Грција.

Најпосетени биле езерските места, по што следуваат Скопје, други локации, па планинските и бањските места.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, во јули годинава во однос на јули минатата година, е зголемен за 4,4 проценти, а на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26,8 проценти.

Во периодот јануари - јули годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14,2 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските зголемување за 17,6 проценти.

Во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 11,8 проценти кај бројот на ноќевањата, при што кај домашните туристи за 6,6 проценти, а кај странските зголемување за 17,6 проценти

 12.09.2017, 16:19  | L.E. | 34

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1849
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.