Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Голем пожар над делчевското село Драмче

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Црна хроника

Голем пожар над делчевското село Драмче
po_6.jpg

Делчево, 12 септември- Попладнево, по 13 часот избувна голем пожар над делчевското село Драмче кој се заканува да уништи голема површина на густа борова шума. Според првичните информации од теренот, пожарот почнал од куќа во населбата Стамболиско маало по што се проширил до околната борова шума.

Како што инфромира директорот на ЈП ШС „Голак“ Делчево, Љупчо Птеровски, пожарот се шири со голема брзина и се заканува да ја зафати и шумата во атарот на селото Селник.

– Станува збор за голем пожар кој се шири со голема брзина, поради сувата трева и силниот ветар. Пожарот во моментов се движи со голема брзина и на кај селото Селник. Засега не можеме да прецизираме колкава површина е зафатена со пожарот, но состојбата е опасна, истакна Петровски.

Од Дирекцијата за заштита и спасување од Делчево информираат дека во гаснењето учествуваат околу 40 лица и тоа екипи од ТППЕ Делчево, од ЈП ШС „Голак“ Делчево, вработени од ЈПКД „Брегалница“, а ангажирани се и Просторните сили од Општина Делчево. Исто така, поради критичната состојба со пожарот, ќе се бара помош и од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На делчевска територија ова е прв посериозен пожар ова лето.

 12.09.2017, 15:49  | L.E. | 28

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1884
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.