Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Богољуб Кариќ бара отштета од 1,3 милијарди евра

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Регион

Богољуб Кариќ бара отштета од 1,3 милијарди евра
beloo.jpg

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ смета дека државата Србија му нанела штети во имот и добивка и бара надомест во износ од 1,3 милијарди евра, тврди „Српски телеграф“.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Кариќ бара оваа сума да му биде надоместена со тоа што ќе стане сопственик на повеќе државни фирми и имоти, меѓу кои и банки, фабрики и земјишта.

На листа на фирми кои ги бара Кариќ, меѓу другите се и ПКБ и државните акции во „Комерцијална банка“, како и парцела во Белград на која сака да гради Тесла град.

Според „Српски телеграф“, на ваквото барање на бизнисменот се противи српскиот претседател Александар Вучиќ, поради што Кариќ сака да го смени од власта.

– Вучиќ на Кариќ в лице му рекол дека не сака да слушне за вакви комбинации и дека тајкуните и бизнисмените не можат да се богатат на сметка на државата, изјавил неименуваниот извор за „Српски телеграф“.

Според него, ваквото одбивање го налутило Кариќ, за што тој веќе разговарал со некои функционери на владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.

Изворот наведува дека Кариќ, кој е лидер на партијата Движење Силата на Србија (ПСС), е уверен дека е најпопуларен политичар во земјата и дека има „армија поддржувачи“.

– Тој е решен да го тргне Вучиќ од патот, додава соговорникот на „Српски телеграф“, додавајќи дека Кариќ веќе себе си се нарекува „српски Трамп“ и испраќа јасна порака дека поаѓа во пресметка и уривање на Вучиќ.

 12.09.2017, 15:41  | L.E. | 67

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1869
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.