Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Антикорупциска ветува дека за еден месец ќе ги комплетира сите анкетни листови

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Антикорупциска ветува дека за еден месец ќе ги комплетира сите анкетни листови
2_67.jpg

За еден месец би можело да се очекува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да ги внесе сите анкетни листови за имотната состојба на функционерите чиј мандат заврши и на новите именувани и назначени лица во базата што јавноста може да ја види на нивната веб-страна. Претседателот на Антикорупциска Игор Тантуровски објаснува дека нивната служба работи секојдневно на внесување податоци, но истакнува дека треба да се има предвид дека станува збор за голем број анкетни листови и мислења.

- Се работи за една бројка од околу 1.670 лица, значи толкав број разрешени и толкав би требало да биде бројот на именувани лица. Тоа секако е обемна работа имајќи предвид дека овој период во изборниот процес секојдневно работиме на издавање на мислења од државните и јавните институции во Република Македонија, а во секој изборен процес се издаваат приближно три и пол илјади мислења. Можете да замислете колку сме преблокирани со работа - вели Тантуровски за МИА.

Одреден број анкетни листови, додаде, јавноста веќе може да ги види преку системот односно базата поставена на веб-страната на Комисијата. Засега не може да каже колку функционери ги пробиле роковите за поднесување анкетни листови.

- Ние работиме континуирано на внесување на туѓи податоци што се поднесени кај нас независно дали се дојдени во рокот или по рокот. За оние што се доставени по рокот за тоа се предвидени санкции во Законот за спречување на корупција и тие од наша страна секогаш се почитуваат. Но, во одредениов момент не можам со сигурност да ви кажам бројка на доставени и на недоставени - вели Тантуровски.

Доколку се утврди дека одредено лице доставило анкетен лист по законскиот рок или воопшто не доставило во законскиот рок после неговото разрешување или откако е именувано на функција, Антикорупциска за сите отвора нови предмети и одлучува, и како што посочува Тантуровски, ја гледа фактичката состојба и врз основа на тоа поднесува до надлежниот суд прекршочна пријава.

За потребите на базата на ДКСК на која можат да се најдат анкетните листови е изработен нов софтвер со што ќе се создаде можност за следење на поднесените анкетни листови по датуми и невидливост на на податоците. Но, за таа да биде ставена во функција, наведува Тантуровски, потребни се законски измени.

Оваа база сега што ја гледа јавноста е воспоставена некаде во 2006 година и од тогаш до денес нема претрпено никакви измени. Новиот софтвер ќе овозможи и електронско поднесување на анкетните листови што ќе заштеди многу работа и време на оние кои ги поднесуваат анкетните листови.

 
 

 12.09.2017, 11:35  | Xh.I. | 49

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11294
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.