Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Мурињо на крај призна: Не сум имал подобар играч од Матиќ…

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Фудбал

Мурињо на крај призна: Не сум имал подобар играч од Матиќ…
MlJQ8-mourinho-press.jpg

 Жозе Мурињо откри што навистина се случи во 2015 година, кога имаше мал инцидент со Немања Матиќ додека двајцата беа во Челси.

Пред две години, на мечот со Саутепмтон, српскиот играч од средниот ред, доживеа понижување, откако првин влезе како замена во второто полувреме за да биде заменет по нецели 30 минути. Матиќ беше незадоволен, но токму начинот на кој што реагираше, го убедил Мурињо дека се работи за ментално силен играч. Сега и тренерот и играчот се во Манчестер Јунајтед.
Но, сепак по поминати година и половина, по долгонајавуваниот трансфер на ,,Олд Трафорд’’ на Матиќ и несоработката со Мурињо, Португалецот во интервју за “Sunday Times” се отвори за јавноста.
– Многу добро ме знаете, кога јас сметам дека некој не игра добро, веднаш реагирам. Така беше и тогаш. И ова запаметете го добро што ќе го кажам: Во мојата кариера, не можам да кажам дека сум имал подобар играч во тимот од него Тој е единствениот играч со кој останав во контакт и кога си отидов од клубот. Немав можност да продолжам да работам со него зошто по само неколку недели си заминав од Челси. Сега Матиќ е позрел и поискусен што за мене е уште поважно,- дециден е Мурињо.
 11.09.2017, 12:33  | Z.H. | 80

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27726
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.