Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пападимулис загрижен за Македонија - еве што му пиша Могерини

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Македонија

Пападимулис загрижен за Македонија - еве што му пиша Могерини
20170809162729.jpg

"Европската унија јасно ја покажува целосната и континуирана посветеност кон Македонија и регионот“- стои во писмото од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини до европарламентарецот и заменик- претседател на Европскиот парламент, Димитрис Пападимулис.

Tој  поднесе писмено прашање во врска со ситуацијата во Македонија.

Пападимулис на 4-ти мај напишал писмо во кое навел дека Македонија е поткопана од континуирана политичка нестабилност, со политички и меѓуетнички раздор кој се влошува. Могерини му одговорила на 27-ми јули.

Тој во писмото уште напоменал дека „се интензивира климата на политичко ривалство, постои континуирана несигурност во прашањето за формирање Влада, медиумите се обидуваат да се замолчат, независноста на судството е доведена во прашање, а насилството и судирите ескалираат“. Додал и дека ситуацијата во Македонија „ја влошува и националистичката и иредентистичка реторика на албанскиот премиер Еди Рама и политиката на Косово кои се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од вистинските проблеми на сиромаштијата и корупцијата“.

Според Пападимулис, сето ова го згарозува развојот на Западниот Балкан и европскиот пат.

Во писмото порачала дека присуството и посветеноста на ЕУ за земјите од Западен Балкан е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот и неговото економско заздравување. Таа навела дека новата Влада направила позитивни чекори  кон стабилизирање на односите со соседите.

 09.08.2017, 18:21  |  | 242

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10815
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.