Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
izboriiii.jpg

Злоупотребата на државни ресурси за партиско- политички цели, прочистување на избирачкиот список, политичката корупција, притисокот врз гласачите и одвојувањето на државата од партијата, се дел од проблемите со кои се соочуваше земјата на изборите. Нив треба бргу да ги решат државните институции, сметаат невладините организации кои се занимаваат со набљудување на изборниот процес.

Од граѓанската асоцијација Мост, велат дека институциите треба да преземат превентивни мерки за кревање на свеста за одвоеноста на државата од партијата, и додаваат дека покрај сите препорачани мерки, без политичка волја не може да се постигне ништо.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври, а предизборната кампања според календарот на ДИК почнува на 25 септември. Партиите најдоцна до 9 септември треба да ги достават кандидатските листи, а увидот во избирачкиот список ќе почне на 21 август и ќе трае до 9 септември.

 09.08.2017, 18:15  | B.M. | 242

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1836
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.