Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Денеска продолжува седницата за разрешувањето на Зврлевски

ДПА со поддршка на договорот со Грција и најава за партиски коногрес на почетокот од ..
Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица

Македонија

Денеска продолжува седницата за разрешувањето на Зврлевски
zvav.jpg

Денеска Собранието на Македонија ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Оваа точка беше ставена на дневен ред во почетокот на минатиот месец по иницијатива на Владата. Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на шестата седница го закажа во понеделникот, ден откако ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври годинава.

Тоа поттикна барање од опозицијата да се побара мислење од Антикорупциската комисија дали е законско разрешувањето на јавниот обвинител во време кога се распишани избори. Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата се на колективен одмор до средината на август.  

 09.08.2017, 10:04  | B.M. | 73

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11438
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.