Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кои опасности ги кријат изгорениците

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Здравје

Кои опасности ги кријат изгорениците
izz.jpg

Изгорениците на кожата може да се добијат како во лето, така и во текот на зимата. Причината за горење во зима е дека снегот се одразува во голема мера на сончевите зраци. Дури и во облачно време може да се добијат изгореници, ако не се обезбеди соодветна заштита на кожата.

Причината е дека ултравиолетовите зраци продираат низ облаците и достигнуваат непречено до земјината површина. Опасност претставуваат и ултравиолетовите A и B зраци.

Постои и трет вид зрачење – Со зраци кои не достигнуваат до земјината површина и соодветно немаат однос кон согорувањето. Карактеристично за ултравиолетовите A зраци е дека достигнуваат до средниот слој на кожата – дермисот и згора на тоа можат да минуваат преку стакло.

За разлика од нив, ултравиолетовите B зраци имаат пониски прониквателна способност и влијаат само на горниот слој на кожата – епидермисот. Меланинот претставува пигмент во кожата (поконкретно пигмент кој се создава од одредени кожни клетки-меланиноцити), кој претставува природна заштита на кожата против УВ зраците.

Почестото горење на кожата се добива кај лица со помала количина од пигментот меланин во кожата (луѓе со светла кожа, коса и очи), кај возрасни, мали деца, како и при престој во месност со голема надморска височина.

Најчестите симптоми на изгореници се црвенило на кожата, чешање и печење, како и различно изразена по степен чувствителност на кожата до болка.

При посериозно горење се забележува оток на кожата, како и појавата на плускавци кои се исполнети со бистра течност и лесно се растргнати.

При посериозно горењеи зафаќање по голема површина од кожата е можна повреда на општата состојба – гадење, повраќање, висока температура, треска, главоболка, вртоглавица и други.

 09.08.2017, 10:26  | L.E. | 49

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10972
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.