Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

„Темната кула“ на Стивен Кинг, вестерн дуел меѓу Светлината и Темнината

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Култура

„Темната кула“ на Стивен Кинг, вестерн дуел меѓу Светлината и Темнината
temnaa.jpg

Македонската компанија ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Темната кула“ најновото филмско остварување според делото на Стивен Кинг, кое премиерно ќе се прикажува во Cineplexx во четврток на 10 август во 20:00 часот.

 

„Темната кула“ е американски, научно-фантастичен вестерн, во режија на Николај Арчел, кој е продолжување на истоимениот серијал новели на Стивен Кинг. Носители на главните улоги во филмот се Идриз Елба како Роланд Дешаин, револвераш кој трага по начин да ја заштити Темната кула од Волтер О'Дим, толкуван од Метју Меконахју, попознат во филмот како „Човекот во црно“.

„Книгите „Темната кула“ Стивен Кинг започнал да ги пишува во седумдесеттите години и тие се 8 книги на битка меѓу Роланд и Човекот во црно во една алтернативна реалност која може да се опише само како неверојатна мешавина на светот на Толкин и сега замислете го Клинт Иствуд во тој свет“, изјави Кристијан Даниловски, еден од основачите и ко-сопственик на компанијата ФХ3Х. „На овој филм работевме од август минатата година до февруари оваа, со тим од околу 80 артисти. Со нетрпение го исчекуваме, бидејќи за да се пренесе на филмско платно приказната на Стивен Кинг, биле потребни 10 години и три режисери и тоа не било кои: првиот бил Џеј Џеј Абрамс, вториот Рон Хауард и конечно ќе го видиме резултатот на Николај Арчел. Верувам дека ќе биде прекрасна визуелна забава и ќе уживаме во четврток на премиерата“, додаде Даниловски.

Низ приказната ќе нè води Џејк Чемберс, единасетгодишен авантурист кој следејќи ги трагите открива нов свет во друга димензија наречен Среден свет. Љубопитно следејќи ја мистеријата се сретнува со револверашот Роланд кој е на пат кон Темната кула која се наоѓа во Крајот на светот. Дали тие двајца, сосема различни херои, во трката меѓу времето и просторот ќе успеат да ги спасат своите светови од потполно уништување, ќе дознаете од филмот.

 09.08.2017, 10:21  | L.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

6229
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.