Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Македонија и денеска во портокалова фаза, надлежните повикуваат да се почитуваат препораките

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Македонија

Македонија и денеска во портокалова фаза, надлежните повикуваат да се почитуваат препораките
toplo-1.jpg

Со високи температури од портокалова фаза е зафатена Македонија. Продолжуваат да важат препораките на Министерството за здравство – од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Да се јаде лесна и свежа храна, да се пијат многу течности, посебно вода, најмалку два литра, да се носи лесна облека, да се избегнува директна сончева изложеност, да не се одржуваат спортски активности на отворено од 11 до 17 часот, градинките да не ги изнесуваат децата надвор и да не практикуваат физичка активност во од 11 до 17 часот,…, се исто така дел од препораките.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат матичниот лекар. Поради повисоките температури, според Министерството, потребен е повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Работодавците треба да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено од 11 до 17 часот, обезбедување одмор под сенка за работниците и доволно течности, на секои два часа.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk, стои во соопштението од Министерството за здравство.
 

 09.08.2017, 10:01  |  | 57

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10867
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.