Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Коѕиас во Скопје ќе ги испита намерите на новата влада

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Коѕиас во Скопје ќе ги испита намерите на новата влада
kocias.png

Грчкиот весник пишува дека Грција очекува Македонија и во пракса да покаже дека сака решение. Со речиси идентичен став излезе и самиот шеф на грчката дипломатија, на 2 пати во изминатиот месец кога рече дека од македонската влада се уште не видел суштински знаци на добра волја.

„Се чини дека и Европејците и Американците разбираат дека договор за прашањето за името не може да постои без суштински отстапки од Скопје. Во Атина, не сакаат можните потези на добра волја да се ограничат на симболично ниво , како на пример преименување на аеродромот во Скопје од Александар Велики, без да има отстапки што се однесуваат на името, но и на суштинска елиминација на иредентизмот, започнувајќи од учебниците во училиштата. Во секој случај патот ќе биде долг, преговорите ќе бидат на повеќе степени и ќе се развиваат во период од многу месеци. “ – пишува Катимерини.

Весникот анализира дека проценките на Вашингтон се дека по локалните избори кај нас, па се до почетокот на 2019 е периодот во кој ќе се отвори можност за напредок во разговорите за името, а 2018та би можела да биде клучна година. Новинарот од „Катимерини“ го споменува и договорот на Македонија со Бугарија со коментар дека Скопје успеа да добие сојузник,а потпишувањето и суштински и на ниво на впечатоци е позитивно за владата на Заев како во внатрешноста на земјата така и вон границите.

„Де факто, конкретниот развој на настаните го префрла притисокот врз Атина, која ќе треба да биде многу добро подготвена за да ја објасни нејзината евентуална цврста позиција:“ – пишува Катимерини.

Шефот на грчката дипломатија на 30 или 31 август ќе го посети Скопје. Секако, сѐ уште не постои официјална потврда за термините, но според  информациите на Катиемирини, посетата на Коѕиас е веќе договорена.

 09.08.2017, 10:12  |  | 30

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

6226
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.