Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Дебарско за субвенции аплицирале над 500 земјоделци

ДПА со поддршка на договорот со Грција и најава за партиски коногрес на почетокот од ..
Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица

Економија

Во Дебарско за субвенции аплицирале над 500 земјоделци
debar_4.jpg

Дебар, 4 август– Повеќе од 500 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.

Според Арбен Муладаути, овластен раководител на единицата, се очекува бројот на барања дан биде поголем бидејќи се дава можност да може да се аплицира и по електронски пат. Лани, субвенции добиле над 900 земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.

- Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата во последните години зголемени се површините кои се обработуваат, како и бројот на стадата овци. Колку за илустрација, наместо околу 20.000 грла овци, колку што во подрачјето имаше пред шест-седум години, сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површни во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, рече Муладаути.

Тој посочува дека повикот е отворен до 15 септември и оти сите потребни информации може да се добијат во Подрачната единица каде на земјоделците им помагаат и во пополнување на барањата

 04.08.2017, 13:53  | L.E. | 116

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11305
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.