Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Официјално: Ливерпул го договори рекордниот трансфер на Кеита

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Фудбал

Официјално: Ливерпул го договори рекордниот трансфер на Кеита
zozhS-thumb_47249_default_news_size_5.jpeg

Ливерпул постигна договор со Лајпциг за трансфер на Небу Кеита но тој од јули 2018 година ќе пристигне на Енфилд.
Ливерпул потврди дека постигнале договор со Лајпциг за Кеита, но гледачите ќе го видат на Енфилд дури за една година.

„Ливерпул може да потврди дека постигна договор со Лајпциг за трансфер на Небу Кеита“ - се вели во соопштението на англискиот клуб.

Тие ќе ја платат откупната клаузула од 55 милиони евра која ќе биде активна следното лето, плус дополнителна сума.

„Среќен сум што е постигнат договор кој ми овозможува да му се приклучам на Ливерпул следното лето и да станам дел од тој возбудлив проект“ - вели Кеита.

„Откако се реши прашањето за мојата иднина сега комплетно можам да му се посветам на Лајпциг во остварување на целите за оваа сезона“.

 29.08.2017, 09:51  | Z.H. | 88

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30990
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.