Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пред 18 месеци Венгер одбил да го купи Мбапе за осум милиони евра!

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Фудбал

Пред 18 месеци Венгер одбил да го купи Мбапе за осум милиони евра!
D4ZQO-wenger-mbappe.jpg

Излегуваат нови стории за Арсен Венгер кои само ќе го зголемат притисокот врз францускиот стратег по очајниот старт на Арсенал, тој одбил да го купи Килијан Мбапе за осум милиони евра.
По поразот од Ливерпул од 4-0 повторно се јавува големо незадоволство кај фановите на Арсенал кои бараат Арсен Венгер да го напушти клубот.

Притисокот врз Венгер дополнително го зголеми сторијата на шпанскиот новинар, Гијем Балаге кој пишува за Скај Спортс. Тој открива дека тренерот на Арсенал можел да го купи Мбапе за околу осум милиони евра додека фудбалерот се уште не бил познат.

„Пред 18 месеци, Венгер се сретна со Мбапе кој тогаш имаше 17 и со неговата фамилија. Тие побараа 7-8 милиони евра за да се преселат во Арсенал и логично Венгер рече не“ - твитна новинарот Балаге.

 29.08.2017, 09:50  | Z.H. | 51

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30973
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.