Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Нејмар сега го предомислува Кутињо: Нема да жалиш што Ливерпул те држи настрана од Барса

ДПА со поддршка на договорот со Грција и најава за партиски коногрес на почетокот од ..
Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица

Фудбал

Нејмар сега го предомислува Кутињо: Нема да жалиш што Ливерпул те држи настрана од Барса
nintchdbpict000281381875-696x394.jpg

Најскапото засилување во светот, Бразилецот Нејмар, кој се пресели од Барселона во ПСЖ пред десетина дена, сега го советува Кутињо што да направи.

За Нејмар ПСЖ плати 222 милиони евра, но според неговиот почеток во новиот клуб, Парижаните направија вистински чекор кој подоцна, на подолг период, ќе им се исплати.

Но веројатно, поучен од лошото искуство со управата на Барселона, сега Нејмар го советува Кутињо да не жали што Ливерпул го држи уште во небрано.

Каталонските и бразилски медиуми пренесоа информација дека Нејмар му соопштил на Кутињо да не преоѓа на „Камп Ноу“, и дека е добро што не го пуштаат.

„Нема да зажалиш воопшто што Ливерпул те држи подалеку од нив“, наводно ова била пораката која Нејмар му ја рекол на Кутињо.

Клубот од „Енфилд“ уште ја разгледува опцијата од 150 милиони евра, па се уште не е позната судбината на овој бразилски фудбалер.

 29.08.2017, 09:42  | Z.H. | 129

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10961
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.