Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
silegov_2.jpg

Скопје, 11 август- ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја, рече на денешната прес-конференција во македонското Собрание пратеникот на СДСМ Петре Шилегов.

Според него, пратениците на оваа партија се инструментализирани и преку обид да направат тотална блокада на Собранието делуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство.

- Ние сме свесни дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. Но, нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки. Затоа на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на Собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала, рече Шилегов.

Тој додава дека доколку навистина веруваат во нивното толкување на членот 8а од Изборниот законик и дека разрешувањето на Зврлевски би било незаконито, тоа, вели, е причина повеќе да се повлечат бесмислените дебати, реторики, реплики и контрареплики на самите себе и ако е навистина незаконито тоа разрешување за да може Зврлевски и утре да си поведе постапка за таква незаконитост

 11.08.2017, 16:04  | L.E. | 198

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31041
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.