Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

МТСП: Не се мешаме во синдикалното организирање

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Македонија

МТСП: Не се мешаме во синдикалното организирање
mt.jpg

Скопје, 11 август - Со никакви наводи во Решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на Република Македонија имајќи ги предвид и меѓународните конвенции, наведува Министерството за труд и социјална политика во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на ССМ Живко Митревски.

Митревски, според МТСП, повторно изнел невистини и неорагументирани изјави.

Во реакцијата се нагласува дека Министерството за труд и социјална политика по службена должност оценило оти решението на претходниот министер Ибрахим Ибраими е ништовно, согласно Законот за општа управна постапка.

- Исто така, целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања дека министерката Царовска вршела притисок врз Централниот регистар и другите државни органи и во оваа прилика апелираме до сите надлежни институции да постапуваат согласно законските прописи, наведува МТСП

 11.08.2017, 16:03  | L.E. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10933
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.