Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Јапонија инсталира противвоздушна одбрана поради заканите од Северна Кореја

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Свет

Јапонија инсталира противвоздушна одбрана поради заканите од Северна Кореја
jap.jpg

Токио, 11 август- Јапонското Министерство за одбрана денеска нареди распоредување на инсталации за противвоздушна одбрана Патриот ПАК-3 на територијата на префектурите Кори, Симане и Хирошима.

Наредбата уследи по заканите од Северна Кореја дека има подготвено план за лансирање на балистички ракети кон американскиот остров Гуам во Тихи Океан.

Распоредувањето на противвоздушните системи ќе почне во текот на ноќта.

Претходно, локалните медиуми јавија дека јапонските власти планираат во најбрзо време да испратат бродови на Силите за самоодбрана, кои поседуваат системи за следење и насочување во Тихи Океан.

Противвоздушниот систем Патриот може да послужи за заштита на јапонската територија во случај ако Северна Кореја ги реализира заканите за напад врз Гуам.

 11.08.2017, 16:11  | L.E. | 34

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10995
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.