Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Скопје осум сообраќајки со шест повредени

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Црна хроника

Во Скопје осум сообраќајки со шест повредени
skopjee_4.jpg

Скопје, 11 август - Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои во шест со полесни повреди се здобиле шест лица, а две поминале само со материјална штета.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се 33 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи што поминале на црвено светло на семафорот и пет возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани.

Санкционирани се и 45 непрописно паркирани возила, како и 17 пешаци што поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.

 11.08.2017, 12:46  | L.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10854
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.