Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Кочани за десет дена регистрирани 14 пожари на отворен простор

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Црна хроника

Во Кочани за десет дена регистрирани 14 пожари на отворен простор
kocan.png

Кочани, 11 август- Во месец август за само десет дена во Кочани се регистрирани 14 пожари, информира Дејанчо Арсов, командир на ТППЕ Кочан.
Посочи дека се уште треба да се работи на подигнување на свеста кај граѓаните за заштита од пожари, за што ТППЕ на Кочани и понатаму продолжува со превентивните активности за заштита од пожари, како делење флаери и разговор со населението.

ТППЕ Кочани во соработка со ПС Кочани и инспектори по земјоделие, спроведоа едукација на месното население по ридско планинските терени и рамничарските делови, со цел да се едуцира месното население за опасностите од палање оган на отворен простор за да може превентивно да се делува и да се намали бројот на интервенциите.

Од ТППЕ на Кочани велат дека се задоволни од приемот на жителите и од прифатеноста за едукации, но сепак со оглед на зголемување на бројката на пожари на отворен простор заклучено е дека уште многу треба да се работи на подигнување на свеста кај населението.

- Досега беа спроведени 6 посети на ридско планинските предели заедно со инспекторот за шуми и од Министерството за земјоделие, претставници од ПС Кочани, но исто така беше вклучен и инспекторот за земјоделско земјиште од Министерството за земјоделие. Се разговараше со месното население за опасностите од појавата на отворен простор поготово во шумскиот регион. Како дополнителна мерка во овој сегмент претставува и забраната за движење во шуми која што стапи на сила од 5 август оваа година преку која целосно се забранува движењето во шуми, изјави Дејанчо Арсов.

Дополнителна поддршка на оваа превентивна мерка од страна на Владата се и казнените одредби што произлегуваат од законот за ловство каде што е забрането палењето на стрништа, плевели или друг останат материјал од земјоделските површини. Согласно законот за овие прекршоци предвидена е казна за физички лица во вредност од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност

 11.08.2017, 12:42  | L.E. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

16124
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.