Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат прекин на седницата за разрешување на Зврлевски

Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
Маглата го паразлизира авионскиот сообраќај
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..
Кој е докторот со највисока бруто плата 2,7 милиони евра?

Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат прекин на седницата за разрешување на Зврлевски
vmro_13.jpg

Скопје, 11 август- Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја прекине шестата седница за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, наведувајќи ја како причина неприсутноста на парламентарното мнозинство во собраниската сала.

„Иронијата во целата дисусија е дека не се присутни ниту 20 пратеници од мнозинството и доколку се гласа за разрешување на Зврлевски, гласањето нема да помине“, рече Димовски.

Според него, држењето на пратениците во Собранието во ваква ситуација е противзаконски, противуставно и противделовничко.

Димовски наведе дека претседателот на Собранието и СДСМ немаат чувство да демократија и дека Парламентот не е повеќе на 120 пратеници туку е Парламент на тенкото мнозинство од 62.

По барањето на Димовски да се прекине седницата,Претседателот Џафери објасни дека според Членот 74. од Деловникот седницата започнува во договореното време со пратениците кои се присутни без разлика колкав е нивниот број.

Тој го прочита и Членот 81. од Деловникот во кој се вели дека претседателот на Собранието може да ја прекине седницата доколку нема мнозинство за одлучување, а потоа ги потсети пратениците од опозицијата дека моментално не е во тек процес на гласање или одлучување па нема потреба седницата да биде прекината.

„Треба прво да се исцрпи листата на пратениците пријавени за збор, па потоа да се прејде на гласање“, рече Џафери.

 11.08.2017, 12:21  | L.E. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27774
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.