Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Собранието ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Македонија

Собранието ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски
soo_2.jpg

Скопје, 11 август- Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи шестата седница со расправа по Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески.

Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата на РМ поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.


Завчера пратениците од опозицијата, побараа разумно објаснување за разрешување на Марко Зврлевски и, според нив, тие никогаш не рекле оти се против тоа. Сметаат дека во моментов има многу побитни теми на кои треба да се расправа како што се мигрантите, пожарите, депонијата во Струга... Повторно побараа да се преиспитаат сомнежите дали во време кога се распишани избори треба да се расправа и да се започне постапка за менување.
Пратениците од парламентарното мнозинство потенцираа дека државниот јавен обвинител Марко Зврлевски по 27 април имал шанса да му даде на Јавното обвинителство можност да работи во интерес на граѓаните, а наместо тоа работел на заштита на поранешната власт.

Во процедурално обраќање Томислав Тунтев од СДСМ најави дека сите пратеници од владејачкото мнозинство ќе се откажат од дискусија за час поскоро да биде избран нов државен јавен обвинител.

На оваа седница, на дневен ред се преку 30 точки меѓу кои и Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, Информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, Предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година

 11.08.2017, 12:19  | L.E. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10936
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.