Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Четири лица од Скопје, Кавадарци и Тетово пријавени за исчезнати

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Црна хроника

Четири лица од Скопје, Кавадарци и Тетово пријавени за исчезнати
POLICE_25.jpg

Скопје, 10 август- Четири лица, од кои две од Скопје и по едно од Кавадарци и од Тетово вчера во полиција биле пријавени за исчезнати од нивни блиски.
Во 08.30 часот во ПС Гази Баба, Б.П. (73) од с.Црешево, скопско, пријавил дека на четврти овој месец, во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.П. (35).

Во ПС Тетово, С.Р. (74) од Тетово во 09.50 часот пријавил дека на 03.08.2017 година околу 10 часот од дома излегла неговата сопруга М.Р. (50) и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома. Таа не била достапна и на мобилниот телефон.

К.Н. (38) од с.Сопот вчера во 11 часот во ПС Кавадарци пријавил дека на 08.08.2017 година од 11 часот од дома во непознат правец се одалечил неговиот брат С.Н.(36) од с.Сопот. Тој со автобус заминал во Кавадарци и не се вратил дома.

Во 21.30 часот во ПС Чаир, З.Р. (54) од Скопје пријавил дека на 08.08.2017 година околу 11 часот од дома во непознат правец се одалечила неговата ќерка Р.А. (28).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата

 10.08.2017, 15:47  | L.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10898
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.