Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот отстранил 65 возила

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Црна хроника

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот отстранил 65 возила
sk.jpg

Скопје, 10 август- Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои во четири со полесни телесни повреди се здобиле четири лица, а пет поминале само со материјална штета. Се случиле и три незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица, а со телесни повреди се здобиле седум лица.

Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 10 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани, а 11 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати биле 44 непрописно паркирани возила, а санкционирани се и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 65 возила

 10.08.2017, 11:26  | L.E. | 190

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

6245
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.