Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Тесла Модел 3 – автомобилот кој менува се’ и цел свет ќе сака да го има (Видео)

Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
Маглата го паразлизира авионскиот сообраќај
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..
Кој е докторот со највисока бруто плата 2,7 милиони евра?

Авто

Тесла Модел 3 – автомобилот кој менува се’ и цел свет ќе сака да го има (Видео)
autoo_2.jpg

Пред испораката на првите 30 возила на Тесла Модел 3, чии сопственици се најголем дел вработени во оваа компанија од Калифорнија, САД, автомобилскиот експерт на „Бизнис Инсајдер“ Метју Де Борд, околу 15 минути го тетирал ова „најново возило на иднината“. Претходно тој имал прилика да ги тестира сите модели на Тесла, за кои тврди дека го воодушевиле, но вели дека Модел 3 е „нешто посебно“.

Овој тип на Тесла со едно полнење на батериите може да помине околу 500 километри, а забрзува од 0 до 100 км на час за 5,1 секунда. Внатрешноста е минималистичка, со комбинација на кожа и дрво. Контролна, односно популарно наречена „шалт табла“, возилото нема, туку има прилично голем екран на додир поставен во горниот дел од средната конзола. Кровот, пак, е целосно стаклен, односно панорамски.

За Модел 3 не посоти клуч за отклучување, туку тоа се прави преку апликација на мобилен телефон. Како резерва слуќи клуч со големина на кредитна картичка, кој се активира со доближување на наворешниот дел од возачката врата.

Воланот има само неколку копчиња, кои служат за подесување на ретровизорите и за за звучните функции. Популарно наречената „возачка ракета“ е опремена со две фини рачки – една за брзините, а втората за контрола на трепкачите. Се’ останато се случува на екранот: прикажување на температурата, динамиката на возење, навигација, комуникација, брзина, сигнали за свртување, како и многу други останати корисни информации за возачот.

На улица е многу брз и има мошне функционални регенеративни кочници. Седиштата се удобни, а багажникот е изненадувачки голем, и може да се спореди со помалите тернски возила.

Заклучокот е дека Модел 3 подеднакво воодушевува како и моделот Ес. Со цена, пак, од околу 38.000 евра, за полускузната верзија, со сигурност ќе воодушеви многумина. Слободно може да се каже дека ова е најпривлечниот целосно електричен автомобил на пазрот во моментот, кој нема конкуренција. Не постои човек кој ќе седне во него, а да не посака веднаш да го има. Сега Тесла во својата фабрика мора да произведе 500.000 единици од својот Модел 3 автомобил.

 

Зошто Модел 3 е најважниот електричен автомобил некогаш произведен?

Станува збор за првиот модел на Тесла кој е наменет за широкиот пазар, првенствено поради неговата релативно ниска цена. Откако лани Илон Маск, основачот на „Тесла Моторс“, и’ го претстави на јавноста овој модел, неговата компанија доби неверојатни 500.000 порачки за Модел 3, кои треба да бидат испорачувани со години. Но, откако првиот автомобил излезе од производствената линија, очекувањата се дека процесот на испорака ќе тргне со поголема брзина.

Првиот човек на компанијата за економски истражувања „Гартнер“, Мајкл Ремзи, изјави:

Мислам дека можам да кажам дека ова е најважниот електричен автомобил, некогаш произведен. Ги исполнува очекувањата на стотина пазари низ светот и ја менува глобалната позиција на електричните автомобили.

Она што Модел 3 го прави толку посебен е фактот дека не станува збор за екстравагантен и скап автомобил, кој може да си го дозволи само мал број богати луѓе, што беше случај со претходните модели на „Тесла Моторс“, туку за релативно ефтин, но сепак технолошки исклучително напредено возило, кој барем во западните земји, ќе може да си го дозволи секој со просечна месечна плата.

И самата бројка од веќе нарачани 500.000 Тесла Модел 3 автомобили јасно зборува дека станува збор за тип на возило кое ќе има големо влијание врз целата автомобилска индустрија, но и во транспортот воопшто.

Медиумите наведуваат дека успехот на компанијата во продажбата на електрични автомобили зависи токму од успехот во продажбата на токму овој модел.

Модел 3 е клучен за долгорочниот успех на Тесла. Компанијата постои 15 години и никогаш досега не остварила профит. Модел 3 ќе биде првиот обид на Тесла за излез на масовниот автомобилски пазар. Ако успеат да ја задоволат побарувачката и да направат доверлив автомобил, тогаш конечно ќе можат да ја оправдаат вредноста на акциите на компанијата. Но, ако не успеат, тогаш Тесла ќе ги потврди сомнежите на критичарите, кои тврдат дека никогаш немале одржлив модел на автомобил“, изјавил Карл Брауер, од компанијата „Кели Блу Бук“, која е една од најголемите во САД во трговијата со нови и половни возила.

 31.07.2017, 12:48  | L.E. | 77

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27814
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.