Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Со дување свеќички се шират бактерии

Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
Маглата го паразлизира авионскиот сообраќај
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..
Кој е докторот со највисока бруто плата 2,7 милиони евра?

Занимиливости

Со дување свеќички се шират бактерии
bakterr.jpg

Сите оние кои сакаат роденденски торти после овој текст повеќе никогаш овој десерт нема да го гледаат со исти очи, пишува „Дејли Мејл“.

Тимот научници од Универзитетот Клемсон во Јужна Каролина откри дека во текот на дувањето роденденските свеќички, се шират ситни капки плунка која го зголемува количеството бактерии на површината на тортата за дури 1.400 отсто.

Научниците пред почетокот на експериментот јаделе пица за да симулираат вистинска роденденска забава и да ги активираат своите плунковни жлезди, а потоа дувале во свеќичките.

Резултатите покажаа дека тортата после овој традиционален ритуал е полна со микроорганизми.

За да се избројат бактериите, тимот научници раствориле примероци од тортатата во стерилна вода, а потоа растворот го премачкаа на агар плочи.
Садовите наскоро се прекриле со колонија бактерии, при што секоја колонија настанала од само една бактерија.

Доктор Пол Досон, автор на истражувањето, објасни дека оваа метода на броење бактерии не е ефикасна со оглед на тоа што на агар плочите нема да се размножува секоја од нив.


Секое дување носи со себе различни соеви бактерии, а во еден случај нивниот број пораснал повеќе од 120 пати, што значи некои луѓе шират повеќе бактерии од други.

Сепак, Досон истакнувува дека нема причина за паника, затоа што човечката уста секако е полна со бакерии од кои поголем број од нив не се опасни.
- Ако дувањето свеќички на роденденска торта предизвикува пренесување смртоносни болести секако до сега веќе ќе знаевме, затоа што оваа пракса е многу широко распространета, особено меѓу децата, рече професорот.

- Единствено би советувал на луѓето кои се болни да се воздржуваат од оваа пракса за да не заразат други лица, заклучи Досон.

 31.07.2017, 12:34  | L.E. | 66

 

© ZURNAL.mk

 Занимиливости 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27825
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.