МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Колумни
Од офсајд гол не се важи

Од офсајд гол не се важи

недела, 02 јули 2017, 08:38ч.   |   B.M.

Ветив јавно дека „Слободен печат“ нема да ги коментира потезите на Владата во првите сто дена, вклучувајќи ги и кадровските решенија. Ветив и тоа дека „Слободен печат“ ќе ја поддржи коалицијата за промените предводена од Зоран Заев на претстојните локални избори. За жал, во мое отсуство, со еден несреќно срочен текст, веб-сајтот на весникот го прекрши моето ветување. Јавно им се извинувам на читателите поради тоа.

Станува збор за текстот во кој веб-сајтот објаснува кој е Обрадовиќ, менаџерот на српското електростопанство, кој добил македонски пасош и кој наводно ќе биде директор на македонската компанија ЕЛЕМ. Во текстот се пласирани импресивни податоци за неговата кариера како менаџер и јас секако немам причини да се сомневам во нивната вистинитост, ниту човекот да го нарекувам „контроверзен“ без сознанија дека навистина е таков.

Освен тоа, во принцип, нема причина да се спротивставуваме на можноста нашите јавни и приватни компании да ги водат врвни странски менаџери, било да се Срби или Јапонци, на пример. Во принцип, добрите менаџери се ценат секаде на планетава и така како што наши Македонци се на високи менаџерски позиции во странски компании, така не би требало да биде спорно странци да бидат на високи позиции во нашите, македонски компании.

Но, имам извесни резерви кон начинот на кој се турка изборот, кој може да предизвика непотребни конфликти во владата, која, пак, има сериозни обврски да изврши темелни реформи во економијата, меѓу кои е и либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Зоран Заев го избра Кочо Анѓушев за водечки вицемремиер кога се во прашање економските теми. Јасниот став на Анѓушев дека македонски кадар треба да го води ЕЛЕМ мене ми кажува две работи: прво, дека потребно е на маса да се положат сериозни аргументи дали навистина ние Македонците немаме врвен менаџерски кадар во оваа област; и второ, дека Заев сепак мора да ги слушне аргументите на својот прв соработник, пред да ја донесе финалната одлука. Не само за добро на нив двајцата, туку за општото добро.

А „Слободен печат“ понатаму доследно ќе го почитува ветеното и нема да влегува во вакви офсајди. Ниту бевме, ниту ќе бидеме владини кадровици. Оваа влада од нас ќе има поддршка, бидејќи таа треба да ги спроведе долго очекуваните промени и реформи. Нема да дозволам нашиот весник и неговиот веб-сајт да бидат извор на непотребни недоразбирања и конфликти.

Тоа денеска им го објаснив прво на моите газди, потоа на мојот директор и на крајот на моите колеги. И сите се согласивме да постапуваме така како што е најдобро за заедничката кауза. Задоволен сум што од сите добив поддршка. Како што му личи на „Слободен печат“.

© ЖУРНАЛ    ~451,155

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Пет совети за кампања за успешен референдум
Избори, наместо консултативен референдум!
Договорот со Грција и референдумот
Мизантропите и културата на омразата
Зошто ќе гласам за Европа
Зошто ќе гласам позитивно?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.