Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Македонија лани 80 случаи со хепатитис Ц и 185 со хепатитис Б

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Здравје

Во Македонија лани 80 случаи со хепатитис Ц и 185 со хепатитис Б
mkk_1.jpg

Преваленцијата за хепатитис е 1,5 отсто од вкупниот број на населението и многу е битно и општата популација да се тестира, а не само ризичните групи што се опфатени редовно во тестирањето, истакна денеска претседателот на Здружението „Сочувај, лекувај – асоцијација на пациенти со заболувања на црниот дроб – СЛАП“, Билјана Мирческа.

На прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитисот, што ја организираше Здружението, таа посочи дека борбата против хепатитисот е многу важна, затоа што во Република Mакедонија е многу ниско нивото на свеста кај општата популација. Нагласи дека поради тоа во рамки на оваа кампања организираат бесплатно тестирање во текот на еден месец во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Охрид, Куманово и Тетово.

– Според официјалните бројки од Институтот за јавно здравје, во 2015 година пријавени се 80 случаи со хепатитис Ц и 185 со хепатитис Б. Овие бројки се далеку од реалните, според испитувањата на терен – додаде Мирческа.

Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски истакна дека како Министерство за здравство се отворени за соработка со сите невладини организации и здруженија на пациенти што водат сметка за здравјето на граѓаните особено на пациентите со овие болести.

Претседателот на Здружението за семејна и општа медицина, Катерина Ковачевиќ рече дека улогата на семејниот лекар во справување со оваа вирусна инфекција е голема.

Семејниот лекар, појасни, е тој кој што прв стапува во контакт со својот пациент и има улога да прави едукација, превенција, рана детекција, навремено упатување со цел рано почнување со терапија и превенција од компликациите кои таа ги носи.

– Како здружение очекуваме дека ќе можеме да дадеме свој придонес, семејните лекари заедно со сите лекари од секундарно и терциерно ниво во спроведување на Националната стратегија која Министерството веќе ја најави и да помогнеме сите заедно со невладините организации и да придонесеме за подобро здравје и здравствена грижа за пациентите – додаде Ковачевиќ.

 28.07.2017, 13:47  | L.E. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10992
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.