Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Најнголан во Рома до 2021 година

Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
Маглата го паразлизира авионскиот сообраќај
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..
Кој е докторот со највисока бруто плата 2,7 милиони евра?

Фудбал

Најнголан во Рома до 2021 година
Radha-Najngolan-628x437.jpg

 Беше желба на Челзи и на Манчестер јунајтед, се вклопуваше во замислите на Антонио Конте и на Жозе Мурињо, во трката за негов потпис се вклучи и Интер, но лојалноста како принцип натежна во носење на конечната одлука да остане каде што е. Раџа Најнголан го продолжи договорот со Рома за нови четири сезони и, според новиот, ќе продолжи во Рома до 2021 година, пишува novatv.mk

 
„Она што го сакав од секогаш го имам овде. Мислам дека со ваквата моја одлука го докажав тоа. Многу сум среќен, особено сега што ќе продолжи авантурата со клубот и заедно ќе одиме напред“, стои во изјавата на белгискиот репрезентативец за официјалната интернет страница на „волчицата“.
 
Најнголан е во Рома од јануари во 2014 година. На „Олимпико“ тогаш пристигна како позамјен играч од Калјари и веќе во летниот период потпиша договор со римјаните. Во изминатиот период настапи во 161 натпревар за „волчицата“ и постигна вкупно 27 гола. Само во минатата сезона прослави 14 погодоци во сите натпреварувања од кои 11 во рамки на Серија А.
 28.07.2017, 12:28  | Z.H. | 60

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27811
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.