Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Собранието ја почнува расправата за ребалансираниот буџет

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Собранието ја почнува расправата за ребалансираниот буџет
28_2.jpg

Собраниската Комисијата за финансирање и буџет,  ја почнува расправата за ребаланосираниот буџет. Поднесени се 840 амандмани.

Најмногу амандмани има од ВМРО-ДПМНЕ седумстотини и шест. СДСМ не дала ниту еден, а останатите 134 амандмани се од албанските партии.

Се очекува жестока дебата од пратениците за прекројувањето на државната каса.

Според предложениот ребаланс се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто.

Предвидено е кратење на расходите од 48,7 милиони евра и на капиталните инвестиции за исто толку, а предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и во западна Македонија.

Проекцијата на приходите е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.

Според деловникот, расправата за ребалансот на комисијата за финансирање и буџет ќе трае десет дена. За ребаланост расправа ќе има и на законодавно-правната комисија. За најмногу дваесет дена изменетиот буџет ќе стигне на пленарна седница во Собранието. Расправата таму може да трае најмногу пет дена.
 

 17.07.2017, 09:50  | Xh.I. | 30

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1358
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.