Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кекеновски: Кога подвитканите ќе се исправат

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Кекеновски: Кога подвитканите ќе се исправат
2_64.jpg

Голем дел од оние кои до вчера му се умилкуваа, му слугуваа, го величеа, лапаа барабар со него, клечеа пред него молејќи за некоја функција, оние кои по три дена раце не миеа откако ке се поздравеа со него, оние кои се подмочуваа од радост дека го виделе и чија насмевка се развлекуваше од еден крај на образот до дугиот крај, оние кои знаеа и по десетици часови да дремат пред неговиот кабинет само добар ден да му кажат, оние кои до вчера не смееа името да му го споменат денес мошне „одважно“ еден по еден се откажуваат од него.

Така одело тоа ми велат поискусните од мене. Печурките секогаш после дождот се појавуваат.

Јас и ФРОДЕМ останавме доследни на нашиот став за негово и нивно заминување и одговорност. Овие што денес се освестуваат и глумат ,,храбри и чесни реформатори” тогаш не напаѓаа и не нарекуваа непријатели и ги одработуваа неговите наредби против мене и голем дел од нас. За сите оние тогаш беа и глуви и слепи и неми и поднаведнати до земја едно потсетување на јавно кажаното.
Кекеновски до Груевски: „Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот"!

„Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот! - Го повикувам јавно Никола Груевски што побргу да ја спаси ВМРО ДПМНЕ од голем срам и политичкиот багаж кој мислам дека ќе ја потопат и уништат партијата која ја градевме сите над 25 години! Сум вложил многу во оваа партија, ја сметам и за мое чедо, и како секој млад човек и таа знае да застрани по лоши патишта и време е да ја вратиме на патеките по кои беше замислена да оди. А тоа е интересот на Македонија и македонскиот народ а не на поединци кои сакаат да профитираат од партијата и од Македонија“, вели професорот Јове Кекеновски во интервју за порталот Мактел.

 

(статус на Фејсбук на Јове Кекеновски)
 

 17.07.2017, 09:49  | Xh.I. | 129

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1641
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.