Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Џез поп рок вечери во Ресен

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Култура

Џез поп рок вечери во Ресен
XHEZ.jpg

Скопје, 17 јули- На градскиот плоштад во Ресен од утре до 21 јули љубителите на џез, поп и рок музиката ќе имаат можност да проследат настапи на четири различни бендови и изведувачи.

Утревечер ќе настапи „Васил Хаџиманов Бенд“ од Белград, на 19-ти јули домашната група „Персиди“, а на 20-ти јули „Ние запирка другарите“. Четиридневниот музички спектакл ќе заврши на 21 јули, кога ќе настапат „Блубери“ и Оли Китан.

Џез поп рок вечерите во Ресен се во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, со поддршка на општина Ресен и градоначалникот Ѓоко Стрезовски.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека ова е уште една можност љубителите на овие музички жанрови да уживаат во летните денови во настапот на значајни музички имиња

 17.07.2017, 12:05  | L.E. | 51

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1145
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.