Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во сообраќајката во Куманово потешко повредени двајца албански државјани 17.07.2017 11:04:20

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Црна хроника

Во сообраќајката во Куманово потешко повредени двајца албански државјани 17.07.2017 11:04:20
KUUU.jpg

Куманово, 17 јули– Министерството за внатрешни работи соопшти дека во сообраќајната несреќа што се случи на клучката од автопатот Табановце - Куманово со тешки телесни повреди се здобиле двајца албански државјани.

Со тешки повреди се здобиле М.М. возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле уште 12 лица на кои им е укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово.

Сообраќајната несреќа се случи вчера во 17:10 часот, а во неа учествуваа „ленд ровер“ со национални ознаки од Република Албанија, автобус МАН со гостиварски регистарски таблички, управуван од Е.И., роден 1977 година од Врапчиште и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски таблички, управуван од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип. Во автобусот се превезувале 56 патници.
Увид во сообраќајната несреќа извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

 17.07.2017, 12:04  | L.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20100
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.