Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Скопје викендот 29 сообраќајки, повредени 24 лица

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Црна хроника

Во Скопје викендот 29 сообраќајки, повредени 24 лица
aksidentee.jpg

Скопје, 17 јули– Едно лице се здобило со тешки телесни поврди, а 23 лица се полесно повреди во 15 од вкупно 29 сообраќајни незгоди случени во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните осум сообраќајки во петокот, во три со полесни повреди се здобиле пет лица, а пет незгоди се со материјална штета.
Во саботата, пак, се случиле 14 сообраќајни незгоди, во осум со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а 13 се полесно повредени. Во во пет е причинета материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје биле регистрирани вкупно седум сообраќајни незгоди. Во три со полесни повреди се здобиле пет лица, а во четири е причинета материјална штета.


Сообраќајната полиција санкционирала 97 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, деветмина поминале на црвено светло на семафор, 20 користеле мобилен телефон при возење, а 46 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати биле 73 непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 84 непрописно паркирани возила.

 17.07.2017, 12:03  | L.E. | 49

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35751
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.