Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Агресивно и компактно: „Хјундаи“ го претстави „i30 Fastback“

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Авто

Агресивно и компактно: „Хјундаи“ го претстави „i30 Fastback“
autos.jpg

Хјундаи i30“ го пронајде своето место на пазарот, особено последна редизајнирана верзија, а новиот член на семејството е „Фастбек“ и е наменет за оние кои сакаат спортски верзии на овој компактен автомобил.

Јужнокорејската компанија соопшти дека е во прашање првото купе со пет врати што влегува во овој сегмент на пазарот и дека тоа ја „подвлекува“ нивната посветеност на иновациите и желбите на купувачите“.


Во споредба со својот постар брат, хечбек варијантата, моделот „Фастбек“ има поагресивен изглед на предната страна, поспуштен е за 30 милиметри, а динамиката ја дооформуваат малку пониската и поширока маска на ладилникот, понагласениот отвор за воздух со карактеристични искосени фарови.

Погледот од страна не доживеа многу измени до задниот дел што е издолжен и завршува со елегантен спојлер, светла и како што велат од компанијата, „премиум“ задното стакло што навистина ја сочинуваат целината налик на нешто што не припаѓа на оваа класа.

Возачите ќе можат да избираат од палетата од 12 бои, под хаубата ги очекува 1.4 TGDI со турбо полнач (140PS) или 1.0 T-GDI (120PS), додека подоцна ќе пристигне и дизел варинајтата со 1,6 литри.


„Хјундаи“ соопшти дека моделот е опремен со модерна безбедносна технологија – од автономно итно запирање, преку асистенција и систем на предупредување, до опциски систем за препознавање пешаци.

„Хјунари i30 фастбек“ во Европа станува достапен од крајот на 2017 година.

 17.07.2017, 12:27  | L.E. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1132
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.