Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Google Pixel 2: Спецификации, дизајн, цена и достапност!

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Технологија

Google Pixel 2: Спецификации, дизајн, цена и достапност!
google_9.jpg

2017 е една од највозбудливите години во светот на смартфоните. Во исчекување сме на мега популарните iPhone 8, Galaxy Note 8 и, се разбира, новите уреди во Google Pixel серијата...

Дизајн

Според гласините, поголемиот од двата е познат како Taimen, а помалиот Walleye. За жал, само поголемиот ќе доаѓа со невидливи рамки, додека помалиот ќе го има истиот изглед како минатогодишниот Pixel. Иако нема многу информации за нивниот дизајн, се зборува дека Tamien ќе биде премиум модел, благодарение на кој ќе може да се натпреварува со популарните смартфони на пазарот.


Дислеј

Walleye ќе доаѓа со 5 инчен дисплеј, а Taimen со 6 инчен дисплеј. Исто како минатогодишните модели, уредите ќе доаѓаат со OLED панели. Помалиот најверојатно ќе содржи 5.6 инчен дисплеј со резолуција од 1312 x 2560 пиксели, а двата модели ќе подржуваат Quad HD екрани.

Хардвер и камера

5.6 инчниот Tamien доаѓа со Qualcomm 835 процесор и 4 GB RAM. Pixel XL 2 ќе има околу 128GB меморија, a помалиот Pixel ќе има 64GB. Задната камера на Tamien ќе биде од 12 мегапиксели, а селфи камерата од 7 мегапиксели. За камерите на поголемиот Pixel сеуште нема информации, но се зборува дека ќе доаѓа со дуален систем камери.

 17.07.2017, 12:25  | L.E. | 63

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35712
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.