Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Директна авионска линија од Доха за Скопје

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Економија

Директна авионска линија од Доха за Скопје
spp.jpg

Скопје, 17 јули- Авиокомпанијата „Катар Ервајз“ од денеска воспоставува директна авионска линија од Доха за Скопје. Новата авиолинија ќе биде промовирана со пристигнувањето на првиот авион од Доха на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

 

Во петокот на скопскиот аеродром, ТАВ Македонија промовираше уште три нови авиолинии и тоа до Малта, Рим и Ваксјо.

Со воведувањето на новите авиолинии и зголемувањето на фреквенциите на постојаните рути на двата аеродрома во Македонија се очекува зголемување на бројот на патници и пораст на авиосообраќајот во втората половина од годинава.

Во првите шест месеци од годинава забележан е пораст од шест отсто на бројот на патници споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аеродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници.

 17.07.2017, 12:22  | L.E. | 51

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1138
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.