Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Турските власти уапсија уредник на весник поради статија за обидот за преврат

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Регион

Турските власти уапсија уредник на весник поради статија за обидот за преврат
TR_10.jpg

Tурските власти уапсија уредничка на регионален весник поради нејзината статија, во која ја критикува Владата за преувеличување на значењето на минатогодишниот обид за преврат.

Јелиз Корај, уредник на весникот „Коџаели коз“ во северозападниот округ Измит, беше уапсена во нејзиниот дом доцна синоќа, соопшти денеска весникот на својата интернет страница.

– Некои групи не беа задоволни од материјалот и ја претворија Корај во цел. Тие сакаат да ја линчуваат Корај за тоа што го напишала, што е дел од правото на слобода на изразувањето, наведува весникот.

Во статијата Корај ја критикиува Владата за преувеличување на случувањата од 15 јули минатата година и посочува дека тие бледнеат во споредба со Првата светска војна и големите битки во турската историја.

 17.07.2017, 12:15  | L.E. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1357
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.