Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Апелацискиот суд ги одби барањата за притвор на Латас и на Пешевски

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Апелацискиот суд ги одби барањата за притвор на Латас и на Пешевски
latas-sud1.jpg

Апелацискиот суд ги одби барањата за притвор на СЈО за Драган Павловиќ – Латас и екс вице – премиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Повисокиот суд, како што јави Алсат М, ги потврди одлуките на Кривичниот кој одлучи наместо да ги испрати во затворот во Шутка, да донесе поблага мерка и да им ги одземе пасошите.

Без пасош останува и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, кој заедно со Пешевски е обвинет за злоупотреба на над 150 милиони евра за изградбата на автопатиштата со кинески кредити.

Без пасош останувaaт и браќaтa на Латас, Срѓан и Ѕвездан Павловиќ, како и помошникот – министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Со одлука на Апелацискиот суд, без пасош останува и вработениот во МВР, Небојша Стојаковиќ, обвинет во случајот „Трезор“, за набавката на опрема за следење преку фирмата „Финзи“, која беше во сопственост на Коста Крпач, кој почина под  сѐ уште неразјаснети околности.

 17.07.2017, 12:00  | Xh.I. | 131

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1281
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.