Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пратениците бираат нов претседател на Индија

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Свет

Пратениците бираат нов претседател на Индија
IND_1.jpg

Њу Делхи, 17 јули- Индиските пратеници денеска одлучуваат за избор на нов претседател на земјата, а двајцата водечки фаворити за оваа главно церемонијална функција се припадници на најниската хиндуистичка каста - Далита.

Прогнозите се дека победник ќе биде 71-годишниот Рам Нат Ковинд, кандидат на владејачката десничарска Индиска народна партија (БЈП), кој до неодамна беше гувернер на источната сојузна држава Бихар.

Негова главна ривалка е 72-годишната Меира Кумар, првата претседателка на Парламентот во оваа земја и поранешна министерка за федерацијата, која ја има поддршката на главната опозициска партија - Индискиот национален конгрес (ИНЦ).

Претседателката на ИНЦ, Соња Ганди вчера призна дека нивната кандидатка има мали шанси за победа.

Претседателот го избираат пратениците на двата дома на Парламентот и на собранијата на сојузните држави.

Гласањето се одвива симултано цел ден во парламентите на Њу Делхи и престолнините на сојузниите држави, соопшти Индиската изборна комисија.
Гласовите ќе бидат преброени до 20 јули

 17.07.2017, 12:00  | L.E. | 18

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20136
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.