Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Најмалку девет лица загинаа во невреме во Аризона

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Свет

Најмалку девет лица загинаа во невреме во Аризона
ARI.png

Вашингтон, 17 јули - Прекин во електроснабдувањето, поплавени патишта и откажани летови, се последиците на силните бури што го погодија главниот град на сојузната американска држава Аризона, Феникс.

Најмалку девет лица, пет деца и четворица возрасни загинаа во поројниот дожд што го зафати националниот парк Тонто во Аризона, а 13-годишно момче се води како исчезнато. Четири други лица се спасени.

Поради невремето синоќа околу 6.000 домови останаа без електрична енергија, а поради надојдената вода делови од автопатиштата во Аризона беа затворени за сообраќај. Авионите кои требаше да слетаат на меѓународниот аеродром во Феникс беа пренасочувани за Мејс, Тусон и Лас Вегас.
Според метеоролозите и денеска се очекуваат нови бури.

 17.07.2017, 11:59  | L.E. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20177
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.