Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Костовски: Случајот „Тортура“ е монтиран, Бошкоски немал повреди при апсење

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Костовски: Случајот „Тортура“ е монтиран, Бошкоски немал повреди при апсење
Darko-k-701x375.jpg

Случајот Тортура е уште еден  дегутантен пример на политички монтирано обвинение, базирано на погрешни претпоставки и лажни конструкции. Обвинението за наводната тортура, односно прекумерна сила врз уапсениот Љубе Бошкоски е смешно и истото претставува ноторен егземплар на политичко инспирирано обвинение со цел политичка елиминација, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него обвинението на СЈО е партиска нарачка, која има за цел рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа како што тврди Костовски го докажувал записникот за задржување на лице, составен за случајот за апсењето на Бошкоски, каде било констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема забелешки. „Највпечатливо е тоа што записникот своерачно го потпишале Љубе Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго. Ова е крунски доказ кој ниту СЈО, ниту било кој може да го негира и оспори.“- изјави Костовски.

 16.07.2017, 13:02  | Xh.I. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35634
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.