Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Запленети 20 тони дрога во Албанија

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Регион

Запленети 20 тони дрога во Албанија
albania_3.jpg

Во голема акција во градовите Валона, Тирана, Елбасан, Лежа, Пермат, Скадар и Кукс албанската полиција заплени над 20 тони дрога.

 

Според весникот „Мапо“, само во Валона во јужна Албанија полицијата запленила 15 тони марихуана. Весникот наведува дека акцијата била водена лично од директор на албанската полицијата, Хаки Чако, кој изјавил дека дрогата кај Валона е откриена во селото Лакатунд, при што се уапсени повеќе албански државјани, но има уапсени и припадници на полицијата.

По големите критики што ги добива официјална Тирана од страна на ЕУ и барањето за стопирање на призводоството на дрога во земјата, премиерот Еди Рама по победата на изборите на 25 јуни најави максимални мерки за пресметка со трговците со дрога.

Според меѓународните институции, Албанија моментално е главен производител на марихуана

 14.07.2017, 12:48  | L.E. | 30

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20132
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.