Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Тркалезна маса за состојбите во месната индустрија

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Економија

Тркалезна маса за состојбите во месната индустрија
MISH.jpg

Скопје, 14 јули- „Состојби, предизвици и перспективи на индустријата за производство на месо и месни производи - Предлози“ е тема на тркалезната маса што денеска во организација на Капитал магазинот ќе се одржи во Скопје.

Целта на тркалезната маса е да се анализираат актуелните состојби и предизвиците во месната индустрија во Македонија, од аспект на секторот за преработка на месо и производи од месо, да се нотираат можностите за раст на производството и извозот на оваа перспективна индустрија во Македонија и што треба да се смени за македонските современи фабрики за преработка на месо уште поуспешно да работат во иднина.

На тркалезната маса ќе учествуваат претставници од речиси сите производствени капацитети за производство и преработка на месо и производи од месо и лица кои работат на унапредувањето на бизнис климата за оваа индустрија да биде една од најперспективните во Македонија.

 14.07.2017, 12:37  | L.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20063
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.