Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

АД МЕПСО: Земјоделците да внимаваат како ги поставуваат системите за наводнување под далеководите

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Економија

АД МЕПСО: Земјоделците да внимаваат како ги поставуваат системите за наводнување под далеководите
AD_1.jpg

Штип, 14 јули- Земјоделците од источниот регион во екот на наводнување на земјоделските површини да внимаваат како ги поставуваат цевките, односно системите за наводнување и распраскување во близина на далеководните траси, апелираше на денешната прес-конференција портпаролот на АД МЕПСО, Никола Стојанов.

- Во оваа прилика сакам да истакнам дека секогаш оние кои поставуваат системи за распраскување и наводнување да не заборават дека водата е спроводник на електрична енергија и дека секогаш може да направи во контакт со електричната енергија и со телото на човекот штети, а некогаш и катастрофални последици по здравјето и животот на луѓето, вели Стојанов.

Тој на земјоделците им посочи никогаш да не поставуваат распраскувачи под трасите, односно под проводниците на далеководите. Секогаш да ги избегнуваат и да ги поставуваат подалеку од далеководите, но исто така да внимаваат и на правецот и на силината на ветерот.

- Воедно сакаме да потенцираме во текот на жетвата да избегнуваат поминување под проводниците на далеководите со робусна земјоделска механизација, комбајни или големи трактори. Заради тоа што се изложуваат на опасност самите себе, но и лицата кои се во нивна близина, рече Стојанов.
Тој истакна дека благодарение на кампањите и на медиумите од 2013 година нема несреќни случаи под далеководите во источна Македонија.

Последниот случај кој заврши фатално за земјоделец од светиниколскиот регион беше пред пет години. Стојанов забележува дека земјоделците не треба да ги палат и нивите по жетвата а кои се во непосредна близина на далеководите.

- Заради тоа што и со тоа можат да предизвикаат штета на далеководите кои се заштитени со системи со заштита и тие раегираат на зголемена температура, со тоа може да дојде до исклучување на далеководот, до преоптеретување на мрежата, со што се нарушува безбедноста и стабилноста во работењето со електропреносниот систем, вели Стојанов.

Проектот за заштита на белоглавиот орел во источна Македонија, со поставување на гнезда на далеководите е успешен, а Стојанов вели дека доколку еколошките друштва имаат друг ваков проект ќе ги поддржат без проблеми.

 14.07.2017, 12:36  | L.E. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35654
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.