Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Zarooq SandRacer 500 GT е новата играчка на шеиците (Фото)

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Авто

Zarooq SandRacer 500 GT е новата играчка на шеиците (Фото)
ZAbb.jpg

Првиот производител со седиште во Емиратите и во Монако е подготвен да ги исполни соништата на сите што го сметаат Bentley Bentayga за премногу здодевен и идниот Lamborghini Urus за премногу „фолксвагеновски“.

Zarooq SandRacer е создаден за богаташка забава и за уживање. Манири на воздржување и откажување се неумесни, тука може да се вреска и вреви колку што се сака.

Кутија за пикник што е уредно сместена во багажникот, со скапоцен порцелан, сребрен прибор и подлошка за седење? Тоа што некои производители од „островскиот дел“ од Европа го сметаат за благородничко однесување во автомобил за излети по терен, во Zarooq SandRacer е тотално бесмислено.

Светот првпат дозна за SandRacer на трката во формула 1 во Абу Даби пред година и половина. Но, кај овој производител на суперавтомобили очигледно се работи исто толку динамично колку што изгледа „песочниот тркач“. Zarooq Motors во меѓувреме заврши со тестирањата и преправките, SandRacer влегува во производствената хала.

Zarooq SandRacer е суперавтомобил за по асфалт – и за пустина

Идејата што доведе до оваа креација е да се направи суперавтомобил кој своите перформанси нема да ги ослободува само на асфалт, туку и надвор од него. Како што ветуваат од компанијата, ова згодно дизајнирано парче бесен автомобил може да послужи и за секојдневно возење во град, за викенд на тркачка патека, но и за лудување по песочните дини.

SandRacer 500 GT е суперавтомобил според сите нишани: Две седишта, погон назад, мотор вграден средишно. Ентериерот е изработен рачно од мајсторите на Mansory, познатата компанија со седиште во Германија, којашто е посветена скапите автомобили да ги направи уште поскапи. Не смее да изненади и тоа што целата школка е изработена од карбон. Во Белгија.

Осумцилиндарец од Corvette со 525 КС вграден средишно

За неопходната бруталност се грижи 6,2-литарски V8 со моќност од 525 КС и вртежен момент од 660 њутнметри, заедно со секвенцијален менувач со пет степени од Weddle Industries. Сето тоа оди во комбинација со тежина на возилото од 1.300 килограми. Подвозјето има две положби – за асфалт и за песок – тркачкото подвозје е изработено од најлесни и подеднакво скапи материјали. Конструкцијата на подвозјето е дело на Campos Racing.

Единствен проблем за идните возачи на арапскиот суперавтомобил може да биде изборот на гумите: Со гуми за „брз асфалт“ нема што да се бара по песок или карпи, и обратно.

Што точно е постигнато, доволно говори еден податок: Работниот од на амортизерите Intrax – коишто вообичаено се користат на релито Дакар – може да достигне 45 сантиметри. По потреба, задните дуфузори се отстрануваат, по што ниту еден терен не е премногу предизвикувачки за SandRacer.

Гаранција од две години за моторот и сервисер што пристига на лице место

Во Zarooq Motors знаат дека концептот им поминува одлично и во Емиратите и во Европа, па затоа имаат и две седишта и две логистички организации. Сопствеништвото е во истиот стил: Мохамед Ал Кади е од Емиратите, Бруно Лафит е Французин, Летиција Лафит е Белгијка, Јанис Мардел е Британец.

Првата серија од 35 примероци од Zarooq SandRacer полека се исцрпува. Цената во Дубаи изнесува 450.000 долари – третина при нарачката, третина пред монтажата, третина при испораката. Првите примероци од „вистинскиот“ суперавтомобил ќе бидат испорачани во првиот квартал од следната година.

 11.07.2017, 12:17  | L.E. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35578
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.