Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Со Microsoft 365 можете да лиценцирате Windows 10 и Office истовремено

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Технологија

Со Microsoft 365 можете да лиценцирате Windows 10 и Office истовремено
MIC_1.jpg

Уште од првото лансирање на Windows оперативниот систем, корисниците мораа да платат за него и за Office пакетот посебно. Ова беше добар бизнис потег од страна на Microsoft, кој своето богатство го темели токму на овие два сервиси, но во последно време корисниците се повеќе и повеќе се научени да ги добиваат работите бесплатно или пак во пакет. Всушност, еден Windows 10 оперативен систем денес и не може да се замисли без Office пакет, нели?

Затоа, компанијата отсега ќе почне да го нуди Microsoft 365, пакет кој со едно плаќање дозволува користење на Windows 10 и Microsoft Office. Достапни се два различни пакети – комбинација на Enterprise Windows 10 и на Office Business едициите.

Како и Office 365, пакетите ќе бидат достапни со месечно плаќање – за Business пакетот на пример ќе се плаќа 20 долари месечно, што не е малку, но и не е премногу за компаниите кои би го користеле. Цената на Enterprise пакетот ќе зависи од многу фактори, како на пример кои додатоци ќе се одлучи да ги инсталира компанијата.

Засега овој пакет нема да биде достапен за домашните корисници иако има прилично многу смисла со оглед на тоа што цената и на двата сервиси заедно е прилично висока за да се плати одеднаш.

Покрај Microsoft 365, компанијата планира да го продолжи растот на своите Cloud решенија, со кои во бизнис светот во моментов остваруваат подобри резултати од трите свои најголеми конкуренти заедно: Google, AWS и Salesforce. Дел од овој план е лансирањето на Azure Stack, кој ќе им овозможи на бизнисите да креираат интегрирани решенија во клаудот на Microsoft.

 11.07.2017, 12:16  | L.E. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1183
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.