Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пред 20 години немал од што да живее, а сега е милионер

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Занимиливости

Пред 20 години немал од што да живее, а сега е милионер
mili.jpg

Најроби, 10 јули- Земјоделецот од Кенија, Лоренс Ендик пред 20 години живеел на работ на сиромаштија и се борел со секојдневните проблеми на повеќето африкански земји, како што се гладта и недистогот на вода.

Но, сепак денес, тој благодарение на козите стекна вистинско богатство.

Во рамки на програмата „Фарм Африка“ тој добил некоколку кози и јариња за да почне со нивно одгледување, по што неговото богатство почна да се таложи. Така сега Ендик годишно заработува милиони кениски шилинзи, благдарение на одгледување на козите, објави „Дејли Нејшн“.

- Тогаш добив кози само колку да преживееме, но денес заработувам прилично добро. Имам шест деца и благодарение на козите успеав сам да ги школувам и да купам неколку парцели земјиште. Сето тоа ми донесе навистина големо богатство, изјави Ендик за весникот.

Лани само за Божик успеал да продаде 75 кози и заработил повеќе од 1,5 милиони шилинзи, односно околу 15.000 долари, што е огромна сума за Кенија.
Како што изјави, тајната на успехот е во посветеност на работата што ја работи, а во неговиот случај и на константно учење, прилагодување на домашни животни и истажување на нивните потреби, со цел да бидат квалитетен производ на пазарот. Бидејќи тој се занимава и со земјоделство, козите од неговата фарма добиваат евтина храна од домашно производство, пради што се меѓу најценетите на пазарот во Кенија

 10.07.2017, 14:12  | L.E. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Занимиливости 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20072
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.